„Новинарското известување за наука во ера на дезинформации“ е насловот на онлајн-дискусијата во живо со Бојан Панчевски, германски дописник на Wall Street Journal. Дискусијата е во рамките на редовната С(ц)иеста во среда што ја организира Фондацијата „Кантарот“.
Темата е ерата на дезинформациите и како да се успее во неа преку медиумите подобро да се известува за наука, а ќе ја модерира д-р Никола Стиков.