Еден бронзен медал и две пофалници освоија македонските натпреварувачи на 6. Европска олимпијада по физика што се одржа во Љубљана од 20 до денес. Јан Стојановски, ученик во втора година во ПСУ „Јахја Кемал“ од Скопје освои бронзен медал. Пофалници освоија Мајкл Георгиевски, ученик во трета година во гимназијата „Добри Даскалов“ во Кавадарци и Матеј Јовчевски, ученик во 4-та година во „Јахја Кемал“ – пофалница.
Во тимот на нашата репрезентација беа и: Емилија Николовска, ученичка во втора година во Математичко – информатичка гимназија во Скопје и Матеј Гелев, ученик во втора година во „Јахја Кемал“ во Скопје.
Лидери на тимот беа Ирина Петреска и Трифче Сандев.





