Фестивалот „Поетска ноќ во Велестово“ ќе ја продолжи својата програма денеска во Охрид во 11 часот во гимназијата „Св. Климент Охридски“, со работилница за креативно пишување и дијалог преку преведување, наменета за млади. На OH READ #2 ќе учествуваат ученици од охридската гимназија, млади поети, писатели и/или преведувачи. Меѓу учесниците се поетите: Албан Туфа (Албанија), Шпетим Селмани (Косово), Марија Костиќ (Србија) и Павлина Атанасова (Македонија). Сите други поети се добредојдени да се приклучат.
Во 18 часот во кафе бар „Шила“ фестивалот ќе продолжи со поетско читање на погоре најавените поети.
Еден час подоцна ќе следи дебата на тема: Важноста на литературните преводи.
Со поетско читање ќе се претстават: Феликс Шилер (Германија), Перица Сарџоски (Македонија) и Андреј Медиќ Лазаревски (Македонија). Учествуваат и: Весна Ацевска, Виолета Танчева-Златева, Снежана Стојчевска, Делвина Крлуку, Љубица Шопова, Сузана Мицева и Марија Велинова.
Фестивалот беше отворен на 18 август во Велестово со вечерта посветена на женското поетско писмо.





