Режисерката Кумјана Новакова ја освои наградата за човекови права за нејзиниот филм „Тишината на разумот“ (Silence of Reason) на Сараевскиот филмски фестивал што заврши синоќа. Во својот нов документарец, Новакова користи архивски материјал од Хашкиот трибунал за да истражува како жените беа предмет на брутално насилство за време на војната во Босна.

Добитник на наградата „Срце на Сараево“ за најдобар филм е „Кос кос капини“ во режија на Елене Наверијани од Грузија, Швајцарија. Најдобриот режисер на фестивалот е Филип Сотниченко на филмот „Ла палисијада“ од Украина.
Добитник на специјалната награда од жирито ја доби „Вилинска градина“ на Унгарија, Романија, Хрватска.

Најдобра актерка е прогласена Екатерине Чавлеишвили од филмот „Кос, кос, капина“.
Најдобар актер е Јован Гиниќ за „Изгубена земја“ – филм помеѓу Србија, Франција, Хрватска, Луксембург и Катар.

Добитник на наградата за најдобар филм ја доби филмот „Собирачи на шишиња“ во режија на Немања Војиновиќ (Србија, Словенија).





