Со техничка поддршка на македонската Триатлон федерација, а со поддршка на Агенцијата за млади и спорт и Општина Струга, денеска во 9 часот ќе започне Отвореното Триатлон првенство – „3 Дисциплини триатлон“ во Струга.
Ова е настан на кој може да учествува секој кој сака да ја испроба својата издржливот и да создаде сеќавања за целиот живот, велат организаторите.
-Пробајте ги сценските патеки од преубавата Струга и бидете дел од овој несекојдневен настан. Пливачкиот сегмент ќе биде во езерото на обележана патека а исто и велосипедскиот и делот за трчање ќе бидат на претходно обележани патеки на крајбрежјето. Трката има категории за сите возрасти и нивоа на подготвеност.
Kaтегории:
– Сениори (2003 и постари): 750м пливање, 20км велосипед, 5км трчање;
– Јуниори (2007-2004) 750м пливање, 20км велосипед, 5км трчање;
– Кадети (2010-2008) 375м пливање, 10км велосипед, 2,5км трчање.
– Деца 2 (2013-2011) 175м пливање, 4км велосипед, 1км трчање;
– Деца 1 (2014 и помлади): 75м пливање, 2км велосипед, 500м трчање;
– Мастерс 1 (1993-1984) 750м пливање, 20км велосипед, 5км трчање;
– Мастерс 2 (1983-1974) 750м пливање, 20км велосипед, 5км трчање;
– Мастерс 3 (1973 и постари): 750м пливање, 20км велосипед, 5км трчање;
Организатор на настанот е триатлон и пливачки клуб „3 Дисциплини“ од Струга.





