Автобиографската книга „Пресек” на Маја Трајковиќ беше промовирана синоќа во Културно-информативниот центар во Скопје. Станува збор за книга во која авторката трага и патува низ повеќе земји, за да може да ја пронајде својата душа. За делото зборуваше Лилјана Пандева, а извадоци читаше актерот Благоја Чоревски.
Своето тихување како единствено засолниште од сите општествените догми го пронаоѓа тогаш кога го залечува својот дух, оти ако тој е здрав тогаш ќе го заздравее и телото. Во заробена земја околностите и можностите не нудат бегство, но затоа креативната слобода е таа која го ослободува и го детоксицира умот да и е лек на авторката. „Пресек“ е книга за будење на женственоста, но, на онаа која е спитомена, себепочитувана, понизна, спокојна и ближна со жената во себе.
Маја Трајковиќ, професор по француски и италијански јазик и книжевност, библиотекар, м- р по менаџмент во образование, рецензент за учебници по француски јазик, авторка на книгите „Мрачен и светол дом” и романот за деца ,,Златна душа”. Добитничка на наградите ,, Библиотекар на годината- Павлина Цунева- Маказлиева за 2021 година” од здружението,,Средби под јаворите”-Видое Подгорец и Признание за најдобар просветен работник во учебната 2021/22 година од Сојузот на просветните работници и Министерството за образование и наука.





