Панел-дискусија: Ракот на кожата може да се види и успешно да се лекува

Kако дел од кампањата за подигнување на јавната свест за превенција и рано откривање меланом и други карциноми на кожата, вчера, во просториите на Europe House Скопје, се одржа панел-дискусија на тема „Ракот на кожата може да се види и, доколку рано се забележи, може успешно да се лекува“.

Настанот е дел од серијата дебати посветени на актуелни теми од здравството, кои Europe House Скопје ги организира во партнерство со Клубот на млади лекари и со учество на Асоцијацијата на специјализанти и млади доктори и Здружението на студенти по медицина, а под покровителство на сопругата на Претседателот на Северна Македонија и амбасадорот на Европската Унија.

Како учесници во дискусијата беа г-ѓа Ѓоргиевска, Дејвид Гир, амбасадор на Европската Унија, д-р Зорица Зафировиќ, Филип Николовски и Љупка Николовска. Учесниците дискутираа околу важноста на раното откривање и превенција на рак на кожата, со посебен акцент на меланомот. Исто така, беа нагласени значајните чекори што секоја личност може да ги преземе за да ги заштити својата кожа и своето здравје.

Настанот заврши со низа дерматолошки прегледи за присутните на дебатата и за граѓаните. Пријавените граѓани имаа можност да добијат вредни совети за правилна грижа и заштита на кожата. Коментарите од учесниците и посетителите беа изразито позитивни, со многу пофалби за организацијата на настанот и значајните информации што беа споделени.

Сподели