Книгата „Кога ќе стивне прашината“ од Јасмина Атанасова ќе биде промовирана вечерва во 19 часот во „Аудиокултура“ во Скопје. Првото книжевно патување на Атанасова ќе го промовира Дарко Лешоски, а е во издание на „Восток“ од Скопје.
Љубовта во „Кога ќе стивне прашината“ е подеднакво потребна како и воздухот, а на моменти и повеќе од тоа. Но, сепак ова не е љубовен роман. Романот „Кога ќе стивне прашината“ од Јасмина Атанасова е зрело прозно писмо, за кое тешко може да се погоди дека е дебитантски роман. Пишуван во прво лице, од страна на жена-наратор, која истовремено е и лик во својата приказна.
Книгата беше прв пат промовирана во Битола во октомври во Офицерскиот дом.





