Проекции на документарецот „Каде припаѓаме?“ во Скопје и Неготино

Швајцарскиот документаре филм „Каде припаѓаме?“ во режија на Жаклин Цинд вечерва ќе биде прикажан во Кинотека на Македонија во 18 часот и во Центарот за култура „Ацо Ѓорчев“ во Неготино во 19 часот.

Филмот прикажува како младите се справуваат со разделбата на нивните родители. Семејството се распаѓа, од еден заеднички свет произлегуваат два нови, одвоени. Децата живеат меѓу два дома, во постојана транзиција. Филмот се обидува да ни ја приближи детската реалност и се фокусира на тоа колку децата се кревки, но истовремено и колку храбро, паметно и со смеа ја перципираат нивната состојба.

Филмот е номиниран за „Кристална мечка“ на филмскиот фестивал Берлинале 2019, а е добитник на наградата Young Eyes на Документарниот фестивал во Лајпциг. Досега е прикажан на повеќе фестивали. Дистрибутер за нашата земја е „Узенгија“, а дистрибуцијата е поддржана од Swiss Films. Во Неготино ќе има уште една проекција утревечер, во 19 часот.

Сподели