Три претстави на „Локомотива“ на МОТ

Три претстави на Центарот за нови иницијативи во уметноста и културата „Локомотива“ ќе бидат изведени вечерва во рамките на Млад отворен театар. Во Салата „25 Мај“ во 19 часот ќе биде изведена „Танцувај, танцувај, инаку сме изгубени“ на Соња Преград. Ќе настапат: Ивана Бојаниќ, Викторија Бубало, Лана Хосни, Ана Јаворан, Ана Марк, Ева Приечкова, и Соња Преград. Музиката е на Нина Пецарина, а костимографијата на Тена Кантоци. Продукцијата е на „Cetveroruka in frame of Antisezone 21“ во соработка со Музејот на современата уметност во Загреб.

Во салата „Фросина“ во 20.45 часот ќе биде изведена „Поезис на себството“ на Сњежана Пермус и Рок Вевар. Претставата е копродукција помеѓу „Федерација инстититут“ и „Бункер“ од Љубљана. Во претставата уметниците како почетна точка го користат грчкиот збор „poíesis“, кој постепено мигрирал во книжевното поле, за да заврши како ознака за уметноста на поезијата, означувал занаетчиство во класичната ера на грчката антика: производство што подразбира одредена вештина, умешност или „technē“.

Во салата „25 Мај“ во 22 часот ќе биде изведена „Силата на С“ во режија и кореографија на Александар Георгиев. Изведувачи се: Дарио Барето Адмас, Жана Пенчева и Александар Георгиев. Музиката е на Цветан Момчилов, а графичкиот дизајн на Ѓорѓи Десподов. Куратор на програмата е Билјана Тануровска-Ќулавковски.

Насловна фотографија: Marcandrea

Сподели