Проценета штетата од летните пожари во Македонија

Вкупно 11.420 хектари шума изгореле во Македонија за време на големите пожари летово, помеѓу јуни и септември, соопшти Државниот завод за статистика. Заводот во соработка со Јавното претпријатите „Национални шуми“ спровел дополнително статистичко истражување за шумските пожари. Резултатите покажале дека во овој период биле регистрирани 142 шумски пожара.

– Од вкупните штети најмногу беа зафатени шумите од мешаните насади – 52,2 отсто. Настрадале 30,2 отсто листопадни видови, 10,1 отсто иглолисни видови си 7,4 отсто приземна вегетација. Опожарената дрвна маса во шумите изнесува 482.106 кубни метри, а износот на проценетата материјална штета изнесува 2 милијарди 318 милиони и 91 илјада денари (околу 37,7 милиони евра н.з.) – соопшти Заводот.

Сподели