Што изработувале сарачите?

Опрема за коњи, узди, реденици, седла, дисаѓи, анџици, кожени ленти изработувале сарачите во минатото. Главна суровина која ја користеле за обработка била кожата, а ја набавувале од локалните кожари или ја увезувале.

„Како и секој занает, така и сарачите при изработка на своите производи, користеле посебен алат: кресо за седење и работа, игла и шило за прободување, нож и ножици, турпија за острење на алатот, дрвена шипка за полнење со памук, калап за гланцирање, рачна машина за сечење на каишчиња од кожа и др“, велат велат кустосите од Музејот на Република Северена Македонија, со чија соработка пренесуваме содржини за да ја претставиме богатата материјална и духовна култура на македонскиот народ и музеолошката дејност.

Сарачите биле организирани во посебен еснаф. Во овој еснаф на почетокот на 20 век во Скопје имало триесетина сарачки дуќани, во кои се изработувала опрема за коњи. Секој дуќан имал по еден до двајца калфи и чираци, кои одлично егзистирале. Повеќе информации за сарачите на овој ЛИНК.

Фото: Музеј на Република Северна Македонија

Сподели