Во Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица утре во 12 часот ќе се одржи премиера на претставата за деца „Царевата нова облека“ според приказната на Ханс Кристијан Андерсен. Режијата е на Јасмина Вучкова. Драматизацијата е на Ацо Гогов, изборот на костими е на Ванчо Василев, сценскиот дизајн – на Василев и Кољо Черкезов, а музиката е на Слободан Ѓошиќ.
Играат: Кољо Ќеркезов, Коста Ангов, Оливера Аризанова-Мансбарт, Анкица Бенинова, Стојан Велков-Трн, Танкица Стојанова, Ванчо Василев и Игор Тодоров.





