Премиера на детската претстава „Царевата нова облека“ во Струмица

Во Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица утре во 12 часот ќе се одржи премиера на претставата за деца „Царевата нова облека“ според приказната на Ханс Кристијан Андерсен. Режијата е на Јасмина Вучкова. Драматизацијата е на Ацо Гогов, изборот на костими е на Ванчо Василев, сценскиот дизајн – на Василев и Кољо Черкезов, а музиката е на Слободан Ѓошиќ.

Играат: Кољо Ќеркезов, Коста Ангов, Оливера Аризанова-Мансбарт, Анкица Бенинова, Стојан Велков-Трн, Танкица Стојанова, Ванчо Василев и Игор Тодоров.

Сподели