„Пуштете ја вашата научна фантазија“ – втората научна конференција „Наука за деца“

Под мотото „Пуштете ја вашата научна фантазија“ денеска во 10 часот во Меѓународното училиште „Нова“ во Скопје ќе се одржи втората научна конференција „Наука за деца“ што ја организира Фондацијата „Кантарот“. Целта не конференцијата е популаризација на науката кај најмладите. Главниот дел од програмата на конференцијата се предавања и работилници организирани од проф. д-р Никола Стиков од Универзитетот на Монтреал во Канада и д-р Тања Павлеска од Институтот „Јожеф Стефан“ во Словенија. Тие на интересен начин ќе ги сапознаат децата со многу научни концепти, а годинава акцентот е на оптичките илузии и на законите на веројатноста. Работилниците се интерактивни, а љубопитните деца ќе можат да добијат одговори на своите прашања директно од научниците.

На конференцијата ќе биде доделена и првата НЗД награда за извонреден научен потенцијал „Иван Ќостаров“, донација од проф. д-р Венка Симовска, професорка на Универзитетот „Архус“ во Данска. Ќе бидат објавени и победниците на конкурсот Научна фантазија за цртеж и дигитална уметност. За крај ќе бидат доделени признанија на наставниците кои најмногу помогнаа со промоција на НЗД во училиштата.

Повеќе информации на линкот.

Сподели