Интернационално поетско читање „Прелудиум“ ќе се одржи вечерва во 18 часот во кафе-бар „Шила“ во Охрид. Станува збор за преднастан на 35. Поетска ноќ во Велестово. Настанот ќе го модерира Јулијана Величковска, а е поддржан од општина Охрид.
Своја поезија ќе читаат: Танос Гогос (Грција), Марко Грегур (Хрватска), Марија Дејановиќ (Хрватска), Марио Де Роза (Италија), Ѓоко Здравески, Долорес Атанасова – Лори, Сашо Огненовски, Ким Симонсен (Фарски Острови) и Марина Икономова Шокева.
Настанот го организира ПНВ Публикации.





