Скулптурата „Раката на поетот“ од уметникот Никола Пијанманов, ќе биде свечено откриена денеска во 13 часот на сретсело во Велестово. Делото е инспирирано од песната „Есен“ на големиот германски поет Рајнер Мариа Рилке.
Скулптурата е донација од уметникот за фестивалот, а реализацијата ја овозможи Општина Охрид.
Ви ја споделуваме песната на Рилке, за чиј препев се погрижи Ивана Маховска.

ЕСЕН
Паѓаат лисјата, паѓаат како од далечина,
како да венеат во небесните темни градини;
се ронат, безволно, во последниот шум.
А во ноќите паѓа тешката земја
од ројот ѕвезди во самотија.
Сите паѓаме. Паѓа и оваа рака тука.
А погледни ја другава: сама е.
Но, сепак, постои некој, што ова паѓање
бескрајно нежно го држи во своите раце.





