Шест поетски книги влегоа во потесен избор за наградата „Антево перо“ што ја доделува истоименото Здружението за зачувување на делото на Анте Поповски за необјавен поетски ракопис на македонски јазик. Жирито составено од проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска (претседател), д-р Атина Цветаноска и Жорж Поповски (членови) ги селектираше збирките:
– „Монолог на пирејот“ од Љубинка Донева;
– „Сновиденија“ ода Кирил Ангелов;
– „Координати на болката“ од Александра Спасеска;
– „А што да речам“ од Томе Липовски;
– „Болопадание“ од Милена Сиљаноска;
– „50 испеани приказни“ од Александар Русјаков.
Во потесен избор за наградата „Антев часовник“, која се доделува на нови млади талентирани поети кои творат на македонски јазик номинирани се следните збирки:
– „Второ детство“ од Емануела Ковачевска-Китановска;
– „Ноќен суфлер“ од Светла Јакшиќ;
– „Душебол“ од Александра Атанасова.