В сабота предизвик за стипендии за новата академска година во СЕДЦ

Сивус едукативениот и развоен центар во сабота (6 мај) ќе го организира традиционалниот ден на предизвици (Challenge Day) каде најперспективните и најталентираните учесници ќе добијат до 70 отсто од стипендија за академиите во различни IT области. Настанот ќе се одржи од 13 до 16 часот во просториите на едукативниот центар во Скопје и во Охрид.

Според Весна Иваноска, генерал менаџер на СЕДЦ, пристапот до квалитетно образование е вистинскиот начин да се помогне некому за трајно да ја промени и подобри својата иднина.

– За нас Challenge Day не е обичен ден на кој доделуваме вредносни ваучери за некоја од академиите. Тој е потсетување на нашата мисија и одговорност да менуваме животи – вели Иваноска.

Пријавувањето за настанот е бесплатно, а сите заинтересирани треба да пополнат апликациска форма на линкот. За настанот обезбеден е фонд од 35.000 евра кои ќе бидат распределени помеѓу најдобрите и најталентирани учесници кои ќе го решат соодветниот предизвик.

Во Охрид тестирањето ќе биде за Академија за програмирање, а во Скопје – Охрид

Додека пак во Скопје Сhallenge Day ќе биде тестирање за:

– Академија за мрежи и IT Ops;
– Академија за сајбер безбедност;
– Академија за мануелно тестирање на софтвер и Автоматско тестирање на софтвер;
– Академија за графички дизајн;
– Академија за гејм дизајн;
– Академија за веб дизајн со фронт-енд;
– Академија за програмирање;
– Академија за Data Science;
– Академија за дигитален маркетинг.

Дополнителни информации заинтересираните моѓе да добијат на: 078 341 777

Сподели