Интернационалниот фестивал на дуодрама „Бранко Ѓорчев“ во Неготино оваа година ќе се одржи од 10 до 13 мај на сцената на Центарот за култура „Ацо Ѓорчев“. Селектор на фестивалот е актерката од НУ Театар Комедија Мирјана Поповска Ристов. Tаа ги одбра следните претстави:
„Брачна комедија“, режија: Иван Томашевиќ, „Сцена Маска“, Србија, „За нас почнува живот“, режија: Дејан Пројковски, продуцент: Нино Леви, „Кенди“ на Театар „Златен Елец“. Претставата „Јас сум Акико“ на Театар Провокација ќе биде изведена надвор од официјална конкуренција.
На 13 мај, на програмата е „Беба“ во режија на Љубомир Керекеш од Хрватска.
Фестивалот е од натпреварувачки карактер и на истиот ќе бидат доделени наградите: Најдобри машка и женска улога, најдобра партнерска игра и најдобра претстава. Жири комисијата го задржува правото да додели дополнителни награди, доколку некоја од претставите се издвојува во одредена неспомената категории, кои заслужуваат да бидат наградени.
Претставите ќе ги оценуваат: Васил Зафирчев, Селпин Керим и Роберт Ристов .
Организатор на фестивалот е Театар Провокација, а покровител е Општина Неготино.