Праизведба на „Синот“ од Флоријан Зелер во режија на Благој Мицевски во Струмички театар

Во театарот „Антон Панов“ во Струмица утревечер во 20 часот премиерно ќе биде изведена претставата „Синот“ од Флоријан Зелер во режија на Благој Мицевски. Оваа е праизведба на пиесата во македонскиот театар. Претставата е посветена на 30-годишниот јубилеј актерска дејност на актерот Кољо Черкезов.

Улогите ги толкуваат Кољо Черкезов, Михаил Велков, Јасмина Вучкова, Јулија Милкова, Ванчо Василев и Томе Витанов. Сценографијата е на Благој Мицевски, асистент на режија е Дејан Ангелов, драматург на претставата е Ацо Гогов, преводот од француски на македонски јазик е на Јадранка Стефкова, костимите се на Ванчо Василев, музиката на Марјан Неќак, дизајнот на плакатот е на Ване Костуранов, а видеомонтажата ја направи Марјан Ѓорѓиевски.

Сподели