Работилница за мозаик за основци во Прилеп

Работилница за мозаик под менторство на м-р Александра Димитрова од денеска до петок ќе се одржи во Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп. На работилницата ќе учествуваат талентирани ученици од општинските училишта.

– Позитивен беше исходот од работилниците во 2021 и во 2022 година во Штип и решивме да го реализираме проектот во Прилеп за да ја поттикнеме мотивацијата и желбата кај младите за изучување на оваа дисциплина во ликовната уметност. Интересот за учество беше голем, бидејќи учениците практично ќе научат како се создава мозаик – велат од Центарот.

Проектот се реализира со поддршка на Министерството за култура и туризам.

Сподели