Во театарот „Антон Панов“ во Струмица утревечер во 20 часот премиерно ќе биде изведена претставата „Синот“ од Флоријан Зелер во режија на Благој Мицевски. Оваа е праизведба на пиесата во македонскиот театар. Претставата е посветена на 30-годишниот јубилеј актерска дејност на актерот Кољо Черкезов.
Улогите ги толкуваат Кољо Черкезов, Михаил Велков, Јасмина Вучкова, Јулија Милкова, Ванчо Василев и Томе Витанов. Сценографијата е на Благој Мицевски, асистент на режија е Дејан Ангелов, драматург на претставата е Ацо Гогов, преводот од француски на македонски јазик е на Јадранка Стефкова, костимите се на Ванчо Василев, музиката на Марјан Неќак, дизајнот на плакатот е на Ване Костуранов, а видеомонтажата ја направи Марјан Ѓорѓиевски.





