Последна кураторска прошетка со Бојана Јанева на изложбата „Гледај тука сум без простор“

Љубителите на современата уметност утре ќе имаат последна можност да ја видат изложбата „Гледај тука сум без простор“ во Музејот на современата уметност во Скопје, во рамките на кураторската прошетка што ја организира историчарката на уметност Бојана Јанева. Посетата е дел од проектот „Најново нормално“ посветен на сите заинтересирани кои имаат потреба од нова викенд алтернатива, а почнува во 11 часот на платото пред МСУ.

Јанева преку своето долгогодишно искуство како историчарка на уметноста ќе имја доближи уметноста и културата до сите заинтересирани граѓани кои сакаат да искусат еден поинаков и возбудлив поглед кон градот и современите уметнички пракси.

– Оваа прошетка ќе ги втурне посетителите во едно необично искуство кое ќе им овозможи одново запознавање со градот Скопје и причините поради кои вреди повторно да му се навратиме со љубопитност, наместо со носталгија – вели Јанева.

Повеќе информации за кураторската прошетка ТУКА.

Сподели