Младите олимпијци што годинава ја претставуваа Македонија на Меѓународната олимпијада по хемија IСhO вчера на Институтот за хемија ги примија медалите и дипломите што им ги додели домаќинот Јапонија. Од Јапонија стигнал посебен пакет за секој учесник, вклучувајќи ги и менторите на учениците. Пристигнал и медалот, дипломите, сертификатите и благодарниците за минатогодишните учесници на Меѓународната олимпијада „Менделеев“.

Придржувајќи се на протоколите за заштита од ковид-19, на учениците признијата и медалите им ги врачија проф. д-р Зоран Здравковски, претседател на Сојузот на хемичари и технолози на Македонија (СХТМ – македонски организатор на подготовките за меѓународните натпревари) и проф. д-р Марина Стефова, раководителка на Секцијата за хемиско образование при СХТМ и редовен професор на Институтот за хемија на Природно-математичкиот факултет.

Дарко Стојчев, Михаил Трајков, Ања Сшпасовска и Јан Стојановски (од лево кон десно)

На Дарко Стојчев, матурант во скопската гимназија „Јосип Броз-Тито“ му беше врачен бронзениот медал, а дипломите за учество на Ања Спасовска од средното училиште „Гоце Делчев“ од Куманово и Јан Стојановски и Михаил Трајков од приватното школо „Јахја Кемал“ од Скопје. Посебни благодарници пристигнаа и за менторите проф. д-р Миха Буклески и проф. д-р Наташа Ристовска. Пристигнал и бронзениот медал кој Александар Трајковски лани го освои на „Менделеев“. Трајковски денес студира во Словенија.

Со професорите Зоран Здравковски и Марина Стефова

УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Умно.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Умно.мк.