Поезија на Митко Гогов е објавена на мандарински јазик во двомесечникот „Ли“ во Тајван. Преводот го направи светски познатиот поет и писател Ли Куешин. Тој го направи и изборот на стиховите на македонскиот поет застапени во 353. број на поетскиот двомесечник. Куешин (1937) е претседател на Националната фондација за култура и уметност, основач на ПЕН во Тајван, преведуван на речиси сите јазици во светот, добитник на бројни награди и признанија и номиниран за Нобеловата награда за литература од страна на Меѓународната академија за поети на Индија.

Митко Гогов неодамна учествуваше во интересен проект кој вклучува поезија, препев и вештачка интелигенција. Грчкoтo списание за креативно пишување и литература Exitirion, дел од годишното Poetry Expo 23 на европската поетска платформа Versopolis со експериментален дигитален аудио проект: Аrtificial vs. human creativity | case study on a poem by Sotirios Pastakas in 12 languages, во кој песната „Редица за храна“ на поетот Сотириос Пастакас од Грција, 12 поети од Шпанија, Кина, Италија, Виетнам, Хрватска ја преведоа песната, а нивните преводи и рецитали беа споредени со капацитетите на вештачката интелигенција. Проектот е дел од поттемата Connect not divide.
Гогов е поет, преведувач, концептуален уметник и основач на Здружението за развој на културата и заштита на културното наследство „Контекст“ и иницијатор на „Антево слово“, конкурс за најдобра поетска творба во чест на великанот Анте Поповски. Неговата поезија е објавувана во Јапонија, Кина, Индија, Тајван, Тајланд, Палестина и Израел. На почеток од годината Гогов доби покана за учество на реномирани поетски фестивал во Кенија.





