Манифестацијата „100 години Ацо Шопов“ ќе се одржи денеска во 13 часот во Музејот на македонската борба за независност во Скопје. Омажот на великанот го организираат Општина Центар и Францускиот институт во Скопје, по повод стогодишнината од неговото раѓање.
Настанот ќе го отворат градоначалникот општина Центар Горан Герасимовски и амбасадорот на Франција во Македонија, Н.Е. Сирил Бомгартнер. На настанот ќе учествуваат истакнати македонски поети, професори – Веле Смилевски, Соња Стојменска-Елзесер, Весна Мојсова-Чепишевска, студенти од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, Ирина Бабамова, Светлана Шопова, сопруга на Ацо Шопов.





