Со физичко присуство во училиштата денеска почнува второто полугодие во учебната 2022/23 година. Зимскиот распуст беше продолжен за неколку дена поради енергетската криза и неарботниот ден – 19 јануари.
Министерството за образование и наука апелираше до сите раководства на јавните основни и средни училишта да ја искористат поволноста за снабдување со субвенционирана електрична енергија.
– Така училиштата ќе ги намалат трошоците за електрична енергија и ќе се овозможи непречено одржување на настава со физичко присуство до крајот на учебната година – велат од МОН.





