По Венеција, „Најсреќниот човек на светот“ на Стругар-Митевска – во Торонто!

Новиот игран филм на Теона Стругар Митевска, „Најсреќниот човек на светот“ е избран во програмата Contemporary World Cinema (Современ светски филм), на престижниот Торонто филмски фестивал. По големиот успех да биде примен во официјалната програма на фестивалот од А категорија во Венеција, што ќе се одржи наредната недела, ова е уште еден голем чекор на продукцијата „Сестри и браќа Митевски“ и новото дело на Стругар-Митевска. Филмот во Венеција е избран во програмата „Хоризонти“ и ќе биде прикажан на 1 септември, а до 3 септември ќе има неколку проекции за публиката.

Ова ќе биде северноамериканска премиера за филмот. 47. издание на големиот фестивал во Канада ќе се одржува од 8 до 18 септември. Во текот на наредната недела фестивалот ќе открие на која дата ќе биде прикажан македонскиот филм.

Фестивалот во Торонто е најголемиот фестивал на северноамериканскиот континент.

Повеќе за филмот, на следниот линк.

 

 

Сподели