Петар Андоновски со апел до режисерите да поставуваат текстови на домашни автори

Писателот Петар Андоновски им порача на режисерите во Македонија да им дадат предност на домашните автори при избор за поставување на театарските сцени. Овој став го сподели пред изведбата на претставата „Лето во кое те нема“, во продукција на кумановскиот театар, што беше изведена во саботата вечерта. Претставата е работена според неговиот кус истоимен роман. Разговорот со Андоновски го водеше драматургот Сашо Димоски, кој е директор на театарот.

Тој информира дека во земјава има одлични автори чии дела се преведувани на англиски и други светски јазици и читани во странство, па им порача на македонските режисери покрај странските за своите претстави да земаат текстови од македонски автори. Публиката реагираше одлично на актерската игра и даде позитивни коментари.  Претставата е во режија на Драгана Гунин, а во наредниот период ќе се изведува на повеќе сцени низ земјава.

Сподели