Пет книги влегоа во најтесниот круг за наградата „Браќа Миладиновци“ на Струшките вечери на поезијата за 2025 година. Станува збор за: „Рубедо“ од Андреј Ал-Асади (Скопје: ПНВ Публикации, 2025), „Рајсфершулс“ од Јулијана Величковска (Скопје: ПНВ Публикации, 2024), „Маслина и младост“ од Гордана Михаилова Бошнакоска (Скопје: Макавеј, 2025) „На ти со Ерос и Танатос“ од Виолета Танчева-Златева (Скопје: Три, 2025), „Вообразби: лирски етиди за некој друг свет“ од Бранко Цветкоски (Скопје:Макавеј, 2025).
На конкурсот пристигнаа 37 книги од исто толку автори, кои влегоа во конкуренција. Читањето на застапените автори во потесниот избор ќе биде на 22 август, додека добитникот на наградата „Браќа Миладиновци“ за најдобра поетска книга меѓу две фестивалски изданија, објавена на македонски јазик, што ја доделува СВП ќе биде прогласен на 23 август.
Покрај паричниот износ, како дел од наградата од 2012 година во издание на СВП наредната година наградената книга ја објавува во превод на еден странски јазик и ја претставува преку промоција и портрет на добитникот.





