Националниот џез оркестар, Мендеш и маестро Николов допреа до срцата на публиката во Сплит

Под ѕвезденото небо над Сплит, на древниот Перистил, синоќа Националниот џез оркестар, заедно со извонредната Марија Мендеш и под диригентската палка на маестро Владимир Николов, создаде музичко доживување што допре до срцата на сите присутни, пишува „Далмација портал“.

Просторот, исполнет до последно место, одекнуваше во ритамот на современиот џез, вешто испреплетен со таинствената длабочина и меланхоличната убавина на португалското фадо – звук што допира до најинтимните слоеви на душата.
Овој настан беше дел од програмата на престижниот фестивал „Сплитско лето“, а како што пренесува Далматински портал, концертот „на бројните жители на Сплит им подари музичко доживување во кое се спојуваат страствениот звук на биг бендот и магијата на џезот испреплетена со ноти од фадо“, оставајќи длабок впечаток кај публиката, велат од Националниот џез оркестар.

Прочитајте повеќе во објавата на „Далмација портал“.

Фото: Јадран Бабиќ

 

Сподели