Панел-дискусија во Битола: Поддршка за подобро домување на ромската заедница

„Заедно за социјална инклузија“ е слоганот со кој се реализира кампањата за поддршка на подобро домување на ромската заедница која што се реализира во рамките на проектот „Баир – Здружена акција на Битола за вклучување на Роми”, финасиран од ЕУ, реализиран од ЦОСВ, Преда Плус Фондација и Општина Битола. На панел-дискусија на тема „Потреби, можности и предизвици за социјално домување“, денес на пладне ќе се разговара за можностите за подобрување на домувањето на ромското население во населбата Баир.
Во населбата Баир во Битола, ромското население е изложено на предизвици поврзани со домувањето. Според Членот 25 од Универзалната декларација за човекови права, секој човек има право на соодветен животен стандард, вклучувајќи храна, облека, домување и медицинска нега.

На панел дискусијата свои видувања и искуства ќе споделат: Анастасија Трајковска, Ерол Адемов и Климентина Ѓорѓиоска.
д-р Анастасија Трајковска, национална урбана експертка во проектот Баир, Tрајковска е архитектка, ангажирана во проектот БАИР како национална урбана експертка во повеќе сегменти на проектот поврзани со урбанизацијата и регенерацијата во населба Баир.
На панелот таа ќе ги сподели своите стручни видување и анализи за подобрување на домувањето во населба Баир и реалните предизвици за планирање на социјално домување во општина Битола
Ќе учествува Ерол Адемoв, виш референт за односи со заедниците во Општина Штип. Тој ќе се осврне на добрите практики за социјални станбени куќи во општина Штип.  Адемов е референт за односи со заедниците во општина Штип, активист за човекови права и човек со огромно искуство во решавање на предизвиците со кои се соочува ромската заедница во општина Штип.
На тема „Научени лекции за подобрено домување и социјална инклузија на Ромите во Општина Битола“ ќе се обрати Климентина Ѓорѓиоска. Таа е менаџерка на Проектот БАИР. Таа во последните три години активно ја водеше реализацијата на проектот, структуриран кон подобрување на социо-економскиот развој и вклученоста на ромската заедница што живее во населбата Баир, Општина Битола.
Според податоци добиени Секторот за внатрешни работи во Битола многу домови во оваа населба се регистрирани на една иста адреса. Само 15% од нив имаат уникатна адреса. Ваквата ситуција предизвикува ромската заедница во недостаток на социјални услуги и безбедност.

Сподели