Под мотото „Нови перспективи“, Универзитетот „Св. Климент Охридски“ од Битола денеска од 12 до 19 часот на платото пред Офицерски дом одржи отворен ден. Поводот е одбележување на 44 години од формирањето на УКЛО. Настанот ќе биде и музички хепенинг на кој ќе настапат бројни битолски бендови и диџеи, а Универзитетското радио УКЛО ФМ ќе емитува своја програма.
Универзитетот има специфична, хетерогена образовна понуда која што покрива најразлични научни дисциплини и едуцира профили компатибилни со барањата на актуелниот пазар на трудот. На 12-те единици на УКЛО – десет факултети, една висока стручна школа и Научниот институт за тутун се реализираат преку 48 студиски програми за додипломски студии, 57 студиски програми за втор циклу (од кои 9 специјалистички) и 20 студиски програми за трет циклус на студии (докторски). Универзитетот располага со 26 лаборатории и повеќе центри наменети за реализација на научно-истражувачките, едукативни, кариерни и спортски активности на студентите и вработениот академски и административен кадар.





