Операта „Травијата“ вечерва во НОБ

Со Наде Талевска, Благој Нацоски и Марјан Јованоски во улогите на Виолета Валери, Алфред Жермон и Жорж Жермон, во Националната опера и балет велерва во 20 часот ќе биде изведена операта „Травијата“. Со едно од најпознатите дела на композиторот Џузепе Верди ќе диригира Бисера Чадловска, а режијата е Верена Штојбер од Германија.

Во останатите улоги ќе настапат Марика Поповиќ, Александра Лазарoвска Василевски, Васко Здравков, Драган Ампов, Дејан Стоев, Борко Биџовски, Игор Гиновски и Диме Петров. Сценографијата и костимографијата се на Софија Шнајдер од Германија, а кореограф е Саша Евтимова. Настапуваат оркестарот, хорот и балетскиот ансамбл на Националната опера и балет.

Сподели