Објавен првиот академски труд со афилијација кон Центарот за напредни интердисциплинарни истражувања на УКИМ

Неполни седум месеци по промоцијата, објавен е првиот академски труд во кој како афилијација стои Центарот за напредни интердисциплинарни истражувања на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје. Станува збор за трудот Vendor-neutral sequences and fully transparent workflows improve inter-vendor reproducibility of quantitative MRI на четворица автори, од кои еден е д-р Никола Стиков, професор на Институтот за биомедицинско инженерство на Политехничкиот универзитет во Монтреал, Канада. Стиков е еден од иницијаторите за основање на Центарот при УКИМ.

Центарот беше промовиран лани во ноември, во рамките на одбележувањето на Светскиот ден на науката. Група научници од Македонија вработени на врвни универзитети во светот решија да придонесат во интердисциплинарноста и развојот на науката во земјава. Поттикнати од ентузијазмот на Стиков, д-р Јадранка Стојановска, професорка на Медицинската школа „Гросман“ во рамките на Универзитетот „Њујорк“, д-р Розита Димова од Одделот за јазици и култури при Универзитeтот „Гент“ во Белгија и д-р Петар Поповски, професор на Одделот за електронски системи при Универзитетот „Алборг“ во Данска во соработка со професори од УКИМ го формираа Центарот.

НЕ ПОСТОИ НАУЧНИК ШТО СИ ЗАМИНАЛ, А ДА НЕ САКА ДА ПРИДОНЕСЕ НЕШТО ЗА МАКЕДОНИЈА

Сподели