Никола Ристановски ја доби наградата „Александар Лифка“ на 30. издание на Фестивалот на европски филм „Палиќ“ што се одржува во Србија. Покрај Ристановски, наградата ја добија и српскиот актер Богдан Диклиќ и режисерот Андреас Дрезен.
На фестивалот, покрај главната и натпреварувачката програма ќе бидат прикажани филмови и во неколку други селекции. Земја во фокусот е Македонија со шест филма: „Хомо“ на Игор Иванов, „Најсреќниот човек на светот“ на Теона Стругар Митевска, „Исцелител“ на Ѓорче Ставрески, „Мими“ на Даријан Пејовски, „Снежана на крајот умира“ од Кристијан Ристески и „Сестри“ од Дина Дума.
Филмовите ќе бидат прикажувани од денеска до 21 јули. Програмата се реализира во соработка со нашата Агенција за филм.





