Недела на јапонскиот филм во Кинотеката

Во Кинотеката на Македонија од вечерва до 18 ноември во Кинотеката во Скопје ќе се одржи Недела на јапонскиот филм. Ревијата почнува вечерва во 19 часот со проекција на филмот „Под отворено небо“.

– Циклусот на јапонски филмови е еден од најзначајните филмски настани во годината, кој носи ретка можност за македонската публика да се запознае со длабочината, комплексноста и уникатната естетика на јапонската кинематографија. Овој циклус нуди не само визуелно задоволство, туку и увид во културните, историските и социјалните промени што го обликуваат јапонското општество – велат од Кинотеката.

Програмата се состои од разновидни филмови кои опфаќаат жанровска разноликост – од драмски филмови до анимирани дела, претставувајќи ги новите имиња и таленти на јапонската кинематографија. Нивната креативност, посветеност на детали и инспирацијата од јапонската култура, социјалните прашања и модерниот живот го прават овој циклус особено актуелен и релевантен за денешната публика.

Сподели