Наталија Теодосиева, Марија Апчевска и Ханис Багашов избрани на „Берлинале таленти“

Тројца филмски уметници од Макдонија се избрани да бидат дел од програмата „Берлинале таленти“ што е се одржи на претстојниот светски филмски фестивал. Програмата ќе се одржи од 12 до 17 февруари.

Ова е 20-то издание на програмата во рамките на светскиот фестивал. 200 таленти од повеќе од 70 држави ќе бидат заедно дигитално и ќе им се придружат на 10.000 алумни што продолжуваат да ги шират своите хоризонти и да инспирираат. Од 200-те учесници, 40 исто така ќе ги развиваат своите сценаријја во рамките на четиритие „Талент лаборатории“.

Наталија Теодосиева е театарска и филмска актерка. На филмскот платно игра во: Врба, Исцелител, Втора шанса, Мими, Љубовникот и други.

Марија Апчевска се проби во светот на европската кинематографијја со краткиот филм „Северен Пол“, чија светска премиера беше на Канскиот филмски фестивал минатата година. Таа го има режирано „Бардо“ што има учествувано на Берлин. Таа ги режираше и: Амби. Беласица, како и епизоди на „Зоки Поки“.

Ханис Багашов е актер и режисер. Како актер играл во „Кога денот немаше име“, „Сестри“. За него ова е второ учество на програмата „Берлинале таленти“. Багашов е дел од лабораторијата за сценарио за долг филм, каде се избрани 10 проекти, меѓу кои и филмот со работен наслов „Аиша“. Неговиот краток филм „Мишко“ имаше премиера на Сараевскиот фестивал во 2018 година, а има освоено 20 награди на меѓународни фестивали.

Сподели