Наставниците што штрајкуваат треба да се изјаснат дали прифаќаат зголемување на платите од 12 отсто, откако овој договор денеска попладне го постигнаа преговарачите на Синдикатот за образование, наука и култуира (СОНК) и Владата. Ако го прифатат зголемувањето, наставата во основните и средните училишта ќе продолжи задутре.
Според Јаким Неделковски, претседател на СОКН, прво треба членството да се информира за договорениот процент за покачување на платите. Ако прифатат ќе биде прогласен крај на штрајкот и во среда може да се очекува враќање на децата и учениците во градинките и училиштата. Покачувањето од 12 отсто може да се очекува најдоцна до јули.
– Со министрите за образование и наука и за труд и социјална политика, и со премиерот ги анализиравме нашите барања доставени до ресорните министерства и аргументите на Владата и на министерствата. Ги усогласивме ставовите во рамките на можностите на државата. Се работи за покачување од 12 отсто плус додатоците што следуваат со Колективниот договор – рече Неделков.
Поддршка на штрајкот на СОНК му даде и Сузан Клокен, директорката на Европската конфедерација на синдикатот за образование, каде членуваат 127 организации.
– СОНК има поддрѓка од 11 милиони наставници во Европа, а јас сум тука да ја пренесам таа поддршка. Наставниците заслужуваат повисок стандард – рече Клокен.
На новонарско прашање дали и во Европа штрајкот се одвива на ист начин таа одговори:
– Да. Градинките и училиштата се затвораат, не работат. Тоа е целата поента на штрајкот – рече Клокен.
Насловна фотографија: Извор – Јутјуб





