НАЈЧИТАНИ ВО 2023: 8-годишната Ана од Гевгелија е најсреќна во светот на книгите: Лектирите се интересни, ама многу се кратки

Приказната за осумгодишната Ана Ружова од Гевгелија е еден од најчитаните тектови на Умно.мк во 2023 година. Ана е слатко девојче со љубопитни очиња што сакаат да откриваат нови светови. Нејзината домашна библиотека веќе брои 80-ина наслови, но сака да биде што побогата. 200 се најмногу страници што ги прочитала во еден ден, тоа е нејзиниот рекорд. Нејзината мајка Васка вели дека Анам која учи во трето одделение во ООУ „Крсте Мисирков“ не може да си го замисли секојдневието без книга в рака. Иако течно чита само две години, таа веќе има прочитано илјадници страници детски книги. Од мала родителите на Ана ù читале сликовници и книги. Tие претпоставуваат дека оттаму ù е љубовта кон книгата денес, посебно што самите не се многу страстни читатели. Целиот тект на линкот.

Сподели