Интервјуто со младиот историчар Дејан Радуловски беше најчитаниот текст на Умно.мк во изминатата година. Во моментот кога го објавивме имаше само 23 години и паралелно студира два факултета – едниот веќе на мастер-студии, а вториот на додипломски, за да го разбере повеќе првиот. Дејан Радуловски од Битола вели дека отсекогаш знаел дека историјата е науката на која ќе ѝ го посвети животот. Дипломирал со просек 10.00 на Институтот за историја при Филозофскиот факултет во Скопје. Неговиот научен интерес е нововековната историја и веќе е запишан на вториот циклус на студии. Паралелно запишал и Правен факултет на прв циклус на студии кој очекува да му помогне да ја разбере историјата од еден друг агол. Ова се приказните на успешните студенти.
– Моите интереси за историјата се појавуваат уште пред да го започнам своето образование. Како дете постојано сум се интересирал за историските настани, особено оние од Втората светска војна. Но постојано си го поставувам прашањето дали таа љубов кон историјата би опстојала доколку кон неа, не бев уште повеќе поттикнат од мојот наставник по Историја во основно образование. Веќе на мои 12 години започнав продлабочено да читам историска литература. Се сеќавам и на мојата прва прочитана книга, Мемоарите на познатиот македонски анархист Петар Манџуков „Предвесници на бурата“ за којашто мојот наставник велеше дека неопходно е за еден иден историчар првото дело што ќе го прочита да бидат токму овие мемоари. Од тогаш бев речиси сигурен во кој правец ќе оди моето образование – вели Радуловски.
Целото интервју на линкот.





