Наградуваниот грчки филм „Евтихија“ вечерва во Кинотека

Во рамки на Месецот на Франкофонијата, Амбасадата на Грција во Скопје вечерва од 20 часот во Кинотеката организира проекција на грчкиот филм „Евтихија“ од 2019 година, во режија на Ангелос Франџис.

– Филмот „Евтихија” е инспириран од турбулентниот живот на една неконвенционална личност со силен темперамент, авторката Евтихија Папајанопулу, која преку своите текстови и соработката со најзначајните грчки композитори, како Василис Цицанис и Манос Хаџидакис, создаде некои од безвременските грчки песни, соопшти Амбасадата на Грција.

„Евтихија” во 2020 година доби осум награди од Грчката академија за кинематографија и беше топло прифатен од публиката. Влезот за проекцијата во Кинотека е бесплатен.

Сподели