Во Театарот на сенки и облаци во Скопје вечерва во 20 часот ќе биде изведен преформансот „Ова сум јас? Кои сме ние?“ Енџи Николоска и Бојан Лазаров го истражуваат поставувањето и изразувањето на телото во простор – индивидуално и заеднички преку танцово-театарски методи. Преку себеистражување до пронаоѓање на нови начини на комуникација и пренесување на јасна порака и емоција преку телото, односно специфичен сценски јазик за дијалог со гледачот.
– Ова сум јас? Во моментите на себеиспитување се наоѓам себеси стоејќи на крстосницата на идентитет. Тоа е авантура која ме води длабоко под површината, под етикетата и улогата која општеството ми ја доделува. Јас сум повеќе од месо и коски. Повеќе од лузни и дамки кои ја красат мојата душа – велат тие.
Фото: Ката Блажевска





