Наградениот со два „Златни глобуса“, филмот на Спилберг во „Синеплекс“

Филмот „Фејблменови“ на Стивен Спилберг од вечерва во 18 часот ќе се прикажува во киното „Синеплекс“ во Скопје. Филмот пред неколку дена доби две награди „Златен глобус“ и тоа за најдобар филм и најдобра режија.
– Се кријам зад приказнава откога имав 17 години. Сум раскажувал делови, парцијално, но никогаш целосно. Никој не знае кои сме вистински, сè додека не станеме доволно храбри за да раскажеме кои сме – рече Спилберг на врачувањето на наградата.

Улогите ги толкуваат: Мишел Вилијамс, Габриел ла Бел, Пол Дејно и други. Растејќи во поствоена Аризона, млад човек со име Семи Фејблмен открива застршувачка семејна тајна и ја истражува моќта на филмовите врз вистината.

Филмот има многу автобиографски елементи и се темели на искуствата на режисерот во детството и младоста – пропаднатиот брак на неговите родители, искуствата со антисемитски мобинг и скромните почетоци како режисер на тинејџерска возраст.

Повеќе за филмот, на следниот линк.

Сподели