Културно-уметничкото друштво „Илинден“ од Битола доби високо признание на меѓународен фолклорен фестивал што синоќа заврши во полскиот град Закопане. Ансамблот на КУД „Илинден“ од стручно жири е награден со „Сребрена секира“ кое високо ја оцени презентацијата на македонскиот фолклор, соопштија од КУД „Илинден“.
– Фестивалот беше организиран на високо ниво, со ансамбли од повеќе држави и бројна публика. За време на престојот имавме големо гостопримство од одговорната на фестивалот Хана Рибка, а ни беше приреден и прием кај градоначалникот на Закопане, Лезек Дорула. Наградата „Сребрена секира“ на 54. издание на фестивалот во Закопане е поттик и мотивација за сите членови на друштвото и што поголема успешност во обврските кои претстојат – велат од КУД „Илинден“-Битола.





