Меѓународна конвенција за тетовирање викендов ќе се одржи во хотелот „Парк“ во Скопје. Под наслов Skopje Tattoo Show 2023, ова е првата интернационална конвенција за тетовирање која ја промовира уметноста и самоизразувањето преку тетовирањето. Ќе присуствуваат повеќе од 50 интернационални и балкански артисти по тетовирање. Посетителите ќе имаат можност да видат тадиционални и современи тетоважи, разновидост на стилови и техники и процес на тетовирањето.
Музичката атмосфера ќе ја држат на ниво бендот Shugarfree, DJ Goce и DJ Strajk. Уметникот Михаил Курбин ќе има своја изложба, а предавање на тема „Под површината: Психологијата и подлабокото значење на телесната уметност“ ќе има Ивана Хаџиванова, психотерапевт со долгогодишно искуство.
Уметниците ќе се натпреваруваат во повеќе различни категории и за најдобрите тетоважи на крајот од денот ќе се доделат награди. Посетителите ќе имаат можност да се тетовираат и да научат нешто од врвните уметници.
Насловна фотграфија: Бранко Антевски





