Уште една недела трае конкурсот за стипендија за талентираните ученици што освоиле медал на некоја светска олимпијата. Конкурсот го објави Министерството за образование и наука, а се однесува на парична награда за освоен златен, сребрен или бронзен медал на една од 13-те меѓународни научни олимпијади (International Science Olympiad).
Може да конкурираат ученици, државјани на Македонија, запишани во средно училиште на територијата на државата и наставници вработени во средно училиште на територијата на Македонија, кој го подготвувал ученикот за олимпијадата.
Овој услов со години предизвикува проблеми, затоа што најчесто менторите на учениците-олимпијци најчесто се универзитетски професори или поранешни олимпијци од земјава и од странство кои не се вработени во средните училишта во Македонија.