Музички настапи, работилници за деца со попреченост денеска во МКЦ

Во Младинскиот културен центар во Скопје денеска во 11 часот ќе се одржи проектот „Different“. Ќе почне со работилница, ќе настапат познати музичари, разговор и дебата на стручни лица (дефектолог, логопед, психолог) и кратка театарска претстава.

Проектот е инициран од Сашо Стојановски, дипломиран џез тапанар кој осмисли уникатен, интердисциплинарен и хуман проект со кој офаќа повеќе области од културата, музичката уметност, иновативност, инклузија, работилница за деца со попреченост и хуманитарна акција. Инспириран од својот син Филип (12), дете со попреченост и со ретко генетско заболување X-Fragile и силно развиени чувства и љубов кон околината и семејството, Сашо и со семејството се труделе да го интегрираат своето дете во нашиот систем и да биде дел од образовниот процес во државава која за жал е не им придава доволна важност на овие деца.
– Нивната судбина ја споделуваат многу семејства во Македонија. Целта е јасно да укажеме на проблемите со кои се соочуваат овие деца во општеството но и самите родители – велат организитаорите.

Сашо со помош на Филип создадоал сет на тапани (рачна изработка), прв ваков инструмент во земјава и регионот. За нив се дизајнираше посебно лого СС дизајн. Подолго време го подготвувал својот авторски албум со џез музика, снимен во студио со новиот сет тапани. Проектот што ќе биде промовиран денеска добил поддршка и од Министерството за култура.

– Паралелно ќе биде отворена донаторска сметка, а собраните пари ќе бидат донирани на основното училиште Невена Георгиева-Дуња каде што учи и синот на Сашо и ова училиште на ниво на општина Кисела вода има најголем број на деца со попречености – велат организиаторите.

Сподели