Мирот не е нешто што се посакува, туку се создава – порачаа средношколци од Кочани

Да не заборавиме дека мирот не е нешто што се посакува, туку нешто што се создава и дека сите се насмевнуваме на ист јазик, порачаа ученици од средното училиште „Љупчо Сантов“ од Кочани, одбележувајќи го денот посветен на Меѓународниот мир. Тие го одбележаа 21 март со повеќе активности.

На почетокот од нашава програма имаше неколку творби со теми за мир, толеранција и соживот произлезени од мастилото на нашите ученици, потоа во училишниот двор симболично засадиме дрвца кои секогаш кога ќе ги погледнеме ќе нѐ потсетуваат на денешниот ден и неговата порака, споделуваат наставниците.

– Дрвцата се зелени и млади, како ќе растеме ние ќе растат и тие со нас, а така нека расте и толеранцијата и другарството меѓу нас. Природата не знае за предрасуди и војни, омраза и гнев, овие чувства ги има само кај луѓето. Ние денес сме доволно напредни, интелегентни и современи, за да ги надминеме предрасудите од сите аспекти (мотиви) и да пристапиме со насмевка, зошто мирот започнува со насмевка. Сите ние сме различни и уникатни, сепак заслужуваме исти шанси.

И последната активност која ја споделија беа пораките кои ги поделивме испечатени на моливи, пенкала, картички и тефтерчиња што секојдневно ќе се користите и ќе потсетуваат на овие силни пораки.

Активностите беа реализирани во соработка со USAID, Македонскиот центар за граѓанско образование и Младинскиот образовен форум.

Сподели